РТЕНИ ОРЕВИ

jatka

Веројатно сте слушнале за корисните својства на пченичните ркулци. После ртење во вода, животната сила на пченичното зрно се буди и зголемува за 100 пати. Тоа е доволно да го исхрани целото пченично стебленце, додека почне само да се храни преку коренот.

Малкумина знаат за рецептот на младоста од предците, кои користеле ркулци од ореви. За две седмици ртење во вода ја зголемуваат животната сила за дури 1000 пати!​ Според древниот рецепт, 1 кг. ореви во лушпа треба да се полијат со ладна вода. Водата треба да ги прекрива оревите. Вака се чуваат две седмици во стаклен сад на светло место, покрај прозорец, менувајќи ја водата секојдневно. Двапати дневно треба да се промешуваат. После две недели, оревите се спремни за употреба. Се чуваат на ладно, најдобро во фрижидер на најниската преграда, во истата вода во која стоеле последниот ден.

Дневна доза се 3 исчистени ореви наутро и 3 навечер.

Рецептот обезбедува регенерација, подмладување на организмот на клеточно ниво, обновување на имунолошкиот и нервниот систем, чистење на системот за дигестија од токсини и исхрана на коскеното ткиво. Терапијата треба да се повторува двапати годишно.  Особено на оние со панкреатитис.

Оревите располагаат со уникатни својства. Шампиони се по содржината на Омега-3 незаситени масни киселини. Во секојдневната исхрана ги намалуваат холестеролот и триглицеридите, високиот крвен притисок, ризикот од инфаркт, ја намалува депресијата и ја подобрува работата на мозокот. Високата содржина на антиоксиданси помагаат во борбата на телото против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките и предизвикуваат болести.

Loading