„ДЕТЕТО“ ХРИСТОВ ДАДЕ 19 ГОЛА

Историја

Фудбалерот Ѓорѓи Христов направи убава кариера во Партизан Белград, во Англија, Холандија и други европски држави, како и во дресот на репрезентацијата на Македонија, но ретко кој може да се сети на неговиот успех во салата ,,Македонија,, во Прилеп, во јануари 1993 година. Само што наполни 17 години, настапи за ,,Еми,,, победничка меѓу 44 екипи во младинска конкуренција на турнирот во мал фудбал. Беше прогласен за најдобар стрелец со 19 гола. Тогаш, се разбира, за талентот од Пелистер пошироко не се знаеше, а јавноста почна да се интересира кога следната година премина во Партизан.

Вкупно беа 164 екипи, а кај сениорите победи ,,Мешта комерц,,. 

Loading