Кога не е ниту социјализам ниту капитализам дали тоа значи дека е промашена станицата на која требало да се качиме?!
x
Даде збор откако се си собра за себе.
x
Кога пензијата не му стига за џепарлак дали егзистенцијата му е сериозно загрозена?!
x
И гребаторите започнаа да посетуваат педикир.
x
Не е доволно да ги биете само нивните сенки.
x
Кога некој е закон во градот, други закони не постојат.
x
Штом шумата од закони стана џунгла се’ потешко е пробивањето напред.
“Д-р Хаџи-Васков”