ТУРНИР „МИЛЕ НЕШКОСКИ“

Ракомет

Спортските љубители со душа чекаат можност да гледаат некој настан, а таков секако е машкиот ракометен турнир ,,Миле Нешкоски,,, во чест на некогашниот репрезентативец и тренер. Во салата ,,Ричко,, вчера се играа мечевите Прилеп – Тиквеш, Металург 2 – Алушовски, Прилеп – Металург 2 и Тиквеш – Алушовски. Денеска се решава конечниот пласман, во 17 часот Тиквеш – Металург 2, во 19 часот Прилеп – Алушовски. Турнирот е можност за дотерување на формата на прилепскиот прволигаш, засилен со шестмина нови.     Првенството стартува на 14 септември дома со Јуниор КВ.

Loading