ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ НА ЛЕТНАТА СЦЕНА

Утревечер од 18 часот на летната сцена во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи манифестацијата ,,Поетско Маркукуле,,, чиј организатор годинава е Клубот на литературни творци – Прилеп, бидејќи Библиотеката се откажа  од организацијата, како што беше во изминатите 14 години. Околу 50 поети ќе рецитираат дел од своето творештво в град, наместо како досега кај карпата, Слонот, под Маркукуле во Варош. Манифестацијата е промоција на поетските достигнувања каде ќе се обелодени печатеното издание на Алманахот, зборникот на поетските творби од лани.

Манифестацијата со поддршка на градот ја востанови нашиот сограѓанин, уметникот Љубен Димкароски со словенечката етно група Пела. Тромбонистот Димкароски почина во Љубљана пред неколку години, каде живееше децении.

Loading