„ФОРМИ ВО ЦРНО“ ОД МИЦЕ ЈАНКУЛОВСКИ

Изложби

mice jankuloski

Вечерва од 19 ч. во ликовната галерија  на НУЦК „Марко Цепенков“  ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно на Мице Јанкуловски насловени, ,,Форми во црно,,. Тоа е најновата продукција на Јанкуловски препознаена како исклучителна, зашто сведочат и последните награди во Фиренца, во Ларнака, Варна други.

-Делата на Јанкуловски се карактеризираат со монохромност зашто се насликани само со една црна боја, потоа модуларност, затоа што димензиите се обмислени, мултипликација, затоа што сликите се мултиплицираат и така создаваат нови дела и минимализам, зашто делата, концептот и смисолот се постигнати со минимални елеманти што е најтешко да се постигне – вели Корнелија Конеска.

Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво. Договорени се изложби во земјава, но и во Торино, Ст. Петерсбург, Солун…

Изложба на карикатури

Во изложбениот салон од вечерва се поставени 50 карикатури за одбележувањето на 50 години од Светска галерија на карикатури во Скопје. Делата се на добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија од 1969 до 2019 година што ја реализира ОСТЕН.

Loading