ДВА ЖЕНСКИ СУПЕРЛИГАША

Историја

Сезоната 1992/93 беше успешна за прилепскиот женски ракомет. Тогаш екипата на Т. Комбинат избори опстанок во Првата лига (сега Супер лига), а младиот состав на Металотехника се избори за второто второлигашко место, кое значеше пласман во највисокиот ранг. Тимот на тренерскиот тандем Шукуроски – Зулјамоски постигна 14 победи, едно реми со пораз на пенали, како и три пораза. На домашен терен, во салата Македонија екипата играше пред 3000 гледачи, а на крајот пресудно беше последното коло, кога на дербито со Железарка во Скопје беше остварен триумф од 15-19.

Поради немање сала (салата Македонија изгоре), Металотехника имаше кус век. Следеше фузија и натаму пак постоеше само Т. Комбинат.

Loading