АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Колку повеќе богатство впиваш стануваш се’ пожеден.

х

Јаде туѓи колачи, а ги фали само своите.

х

Вели дека за него не важи пишаното бидејќи е – неписмен.

х

Ако не си ја подобруваш сегашноста не сонувај за иднината.

х

Не чекајте да цените се  околу себе откако се’ ќе загубите.

х

Прашање е што е подобро да имаш: умен непријател или неумен пријател?

х

Со повеќе лица никогаш нема да имате сигурен живот.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading