ТУПУРКОВСКИ ПРОТИВ ПАЛИЛУЛЕСКИ

Историја

Преполна сала од над стотина гледачи во ДТВ ,,Партизан,, го следеа вториот турнир на најдобрите македонски пингпонгари, претставници на Прилеп, Скопје и Битола, на почетокот од декември 1968 година. Во првата група најдобар беше М. Палилулески (Младост) пред клупскиот другар С. Базеркоски. Палилулески ги совлада: најголемиот фаворит од Вардар, Атанасовски, со 3-1, Тупурковски со 3-0 (се работи за политичарот Васил Тупурковски, тогаш 17-годишен), Алексовски со 3-1, Базеркоски со 3-0 и Стефановски со 3-1. Во втората група победи Б. Гаврилоски (Младост), со подобра сет-разлика од клупскиот другар Д. Мавцоски.

Пехарот од ПСМ му припадна на непоразениот Палилулески.

Loading