СЕ КОПА НА ВРБЈАНСКА ЧУКА

vrbjanska cuka

Четврто издание на интензивните ископувања на локалитетот Врбјанска Чука каде е откриена најголемата градба од неолитот во Македонија, стара над 8000 години. Станува збор за дел од неолитска населба каде живееле неколку стотини луѓе. Истражува Центарот за истражување на праисторијата и Музејот на Македонија.

-Констатиравме многу стопански структури, разни печки, платформи, некакви видови на сандаци за чување на житото, простор за обработка на житото, пронајдени се над 30-тина мелници. Цел на истражувањето е откриеното да се конзервира, да се заштити и да го претвориме посетувачки центар – истакна д-р Гоце Наумов од Центар за истражување на праисторијата и Музејот на Македонија.

На овој локалитет во 80-тите годиини е откриен жртвеник стар над 8.000 години и кој е најстар артефакт пронајден на Балканот, што сега се чува во Музејот во Прилеп. За жал, локалитетот не е соодветно обележан, ниту некој знае за него, иако е еден од поимпозантните праисториски наоѓалишта во Европа. Залуден ќе биде трудот ако не се конзервира и туристички не се прикаже.

Планирано е локалитетот да се конзервира и потоа да се заштити. За поголема популаризација, планирано е да се одржи и концерт кон крајот на август.

Loading