ПО ДВАПАТИ ЕЧЕА ИЗРАЕЛСКАТА И РУСКАТА ХИМНА

Моделарство: Европско јуниорско првенство

– Прилеп и Македонија одлични домаќини на 19 држави

Modelarstvo

 

Прекрасна беше глетката на Плоштадот ,,Александрија,, каде во присуство на повеќе стотини спортисти и љубители на спортот се одржа свеченото затворање на Европското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство. За најдобрите, меѓу стотина натпреварувачи од 19 земји кои се покажаа на Спортскиот аеродром, беа доделени дипломи, медали и пехари. Во дисциплината Ф-1-А (едрилици) во конкуренција на 46-мина победи Брудни (Израел), пред Сидоркин (Русија) и Чене (Франција), а нашата Анастасија Пожарска на 17 место. Екипно е истиот редослед: Израел, Русија, Франција. Во Ф-1-Б (гуменици) првак е Розлер (Чешка), пред Јекел (Германија) и Зданчевич (Полска), а екипно обратно: Полска, Германија, Чешка. Во Ф-1-П (клипеници) најмногу поени собра Рокасану (Романија), пред Сибиров и Полјакова (Русија), но екипно: Русија, Украина, Естонија. Во Ф-1 Челенџ шампион Русија, пак пред Естонија и Украина. Така по двапати се интонираа израелската и руската химна. Најмлад учесник беше 9 – годишниот Веселиновиќ (Србија), а највозрасен тренер 81-годишниотБертолани(Италија).

Нов предизвик за организацијата, предводена од Здравко Тодорски, е Светкиот куп ,,Македонија,, на 28 септември.

Loading