ПЕТ НОВИ ВО ПРИЛЕП

Ракомет

Прволигашот Прилеп доведе петмина нови: бековите Ѓорѓиев (Делчево), Дамјаноски (Струга) и Кузманов (Неготино), пивотот Пајкоски (Струга) и крилото Ташев (Неготино). Се очекува тие да претставуваат засилување за екипата која ја напуштиле десетина досегашни првотимци, заминати главно поради студии надвор од градов. Подготовките за претстојното првенство во Првата лига стартуваа пред 10 дена, а со тренерот Андријано Котевски се одвиваат на отворено и в сала. Клубот поддржан од Општината има амбиции за стабилизација и постепено чекорење нагоре.

И женската Деспина 10 дена е во тренажен процес со тренерот Страшо Илиески. Работата е на отворено, на кондициски план. По заминуаањето на пивотот М. Камческа во САД, нема новости во играчкиот кадар. Нема новодојдени и, речиси сигурно, екипата ќе се потпре на досегашните ракометарки, за година поискусни од лани. Денес ќе има одлука околу бројот на екипите и датумот за старт на Лигата.

Loading