ДИГИТАЛНИ ГЕНЕРИРАНИ СЛИКИ ОД ОЛИВЕР МАРИНКОСКИ

Изложба

Изложба од 16 дигитални генерирани слики од Оливер Маринкоски ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Уметникот првпат ќе се претстави пред прилепската јавност, а досега реализирал три самостојни изложби и неколку групни.

Авторот е иронично настроен критичар кон некои трендови на модерната цивилизација чии последици одамна ги чувствуваме. За разлика од неговите претходни дела на надреализам, хорор и антропоморфни  суштества, овојпат изложбата е на дигитални генерирани слики кои претендираат да ја достигне истата цел, но со совршенството на античките старословенски божества претставени рамо до рамо, паралелно со новите римски и хеленистички еквиваленти.

Маринкоски завршил средно уметничко училиште во Скопје и Факултет за уметност и хуманистички науки на Тетовскиот Универзитет 2005 – 2009. Работи како графички дизајнер и 3Д моделар.

Loading