КОНЦЕРТ НА ПИЈАНО НА ДАНИ ЖОГОВСКА

slika dani

На 6 август од 20 часот во фоајето на ЦК  ,,Марко Цепенков,, ќе се одржи концерт на пијано со Дани Жоговска од Скопје. Ќе бидат исполнети дела од Бах, Бетовен, Рахманинов, Чајковски.

Пијанистката свири од шестгодишна возраст. Учесник е на повеќе семинари со еминентни професори. Настапувала на многу концерти во земјата и во Франција, Германија, Србија…, и со Македонска филхармонија.

Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.

Loading