ОСУМ ДЕНА ЛЕТОВИ ЗА МЕДАЛИ

Спортско моделарство: Светски куп и Европско првенство

Пријавени учесници од 20 земји

Modelarstvo

Ако градов е препознатлив по континуирано настапување како домаќин на врвни меѓународни натпреварувања, тоа секако се натпреварите во спортско воздухопловно моделарство. Најпрво, викендов, на Спортскиот аеродром претстои Светскиот куп ,,Трофеј на Прилеп,,, а веднаш потоа, по еден ден тренинзи, Европското јуниорско првенство.  Така, осум дена, ќе има можност за уживање, гледајќи ги летовите на моделите во дисциплините Ф1А, Ф1Б и Ф1П. Пилотите се од 20 држави. Ќе бидат присутни фаворите од Русија, Франција, Шведска, Италија, Велика Британија, Србија, Словенија… Македонија ќе ја претставуваат Анастасија Пожарска, Симона Тошеска, Димче Велкоски, Зоран Велкоски и други,

Меѓународната воздухопловна федерација ФАИ ја довери организацијата на одамна докажаните – ВФМ и СВК ,,Фил феникс,,.

Loading