НАГРАДИ ЗА ПРОЗАТА И ПОЕЗИЈАТА НА ПАНОСКА

Snezana panoska

Снежана Паноска за расказот „Флерт“ се закити со прва награда на конкурсот на здружението поети и писатели „Литературни творци“ од Кочани. Расказот í беше избран за најдобар во силната конкуренција.

-Расказите за убавата студентка провинцијалка во Скопје говори дека кога таа ќе излезе  од предавалните од обична девојка се трансформира во флерт со очи со непознато момче во автобус. Тука не завршува, слегува растреперена пред време, прашувајќи се што ќе беше ако момчето слезеше на нејзината станица. Расказот е дел од необјавената збирка која се подготвува – вели авторката.

Поезија од Паноска е објавена и во зборниците Гарави сокак во Инџија,  ,,Горе лиле уочи Илина,,, манифестација што ќе се одржи на 27 овој месец во Пелагичево, Србија и ,,Поезофија,, во Белград.

Loading