КОЊИЧКА РЕВИЈА

Историја

Коњичкиот е спорт кој можеме да го гледаме само на телевизија. Ретката е можност за пртставување пред прилепчаните. Тоа се случило во 1992 година. Во чест на 2 Август, на Спортскиот центар се одржа коњичка ревија во организација на клубот ,,Илинден,, од Скопје. Членовите се претставија со осум грла од хеноверанска и англиска раса. Тие прескокнуваа пречки поставени на фудбалскиот терен. Во дисциплината со пречки од еден метар победи Драган Фрковиќ со грлото Дори, со освоени 28 казнени поени, а на височина од 1.20 метри најдобар беше Зоран Младеновски без казнен поен.

Единствената жена-џокеј, Ана Краповска, го освои третото место.

Loading