ИНИЦИЈАТИВА ЗА ВРАЌАЊЕ НА МЛАДИНСКОТО ДРАМСКО СТУДИО

Театарот „Чин 4 Сцена 5“ иницира собирање потписи за враќање на статусот на театар „Чин 4 Сцена 5“, под патронство на ЦК „Марко Цепенков“ кој присилно го загуби пред две години, а со тоа враќање и возобновување на Младинското Драмско Студио.

Иницијаторите велат дека Младинското драмско студио при НУЦК ,,Марко Цепенков,, функционираше непрекинато од 17 март 2007 до присилното згаснување до 2017 година. МДС работеше со сите свои групи и имаше преку 60 театарски претстави, учествуваше на многу фестивали, и освои неколку награди, во име на НУЦК ,,Марко Цепенков,,. Согласно Статутот на НУЦК, Центарот го афирмира културниот и уметнички аматеризам, а со тоа поттикнува и развива култура, особено во творештвото на децата и младите, иницијаторите бараат враќање на МДС Театар ,,Чин 4 Сцена 5,, во рамките на НУЦК.

Младите актери бараат целосно укинување на штетниот договор за закуп меѓу театар ,,Чин 4 Сцена 5,,, и склучување на нов за отстапување на простор без надомест за непречено реализирање на уметничката програма под покровителство на НУЦК ,,Марко Цепенко,,, како што тоа им е овозможено на мноштво други аматерски културно уметнички здруженија. Според нив дури МДС вложи околу пет илјади евра за подготовка на една од салите. Тоа е знак дека секогаш се грижиме за Центарот за култура, па и со генерално чистење и ситни и крупни поправки.

Бараме политиката да излезе надвор од уметноста.

Loading