БЕТОН НА ГОЛЕМАТА ТРИБИНА

Стадион „Гоце Делчев“

Големата, јужна трибина од стадионот „Г. Делчев“, станува поцврста со бетонирање на 27 реда. Досега е завршена третина од работата. Претстои поставување седишта и покрив. Паралелно се обновуваат оградните ѕидови. Претходно малата, северна трибина, доби покрив. Се чекаат уште седиштата. Целиот објект најверојатно ќе прима околу 10 илјади гледачи.

Деновиве треба да продолжи и работата на теренот.

Loading