ТЕАТАРОТ ЈА ПОДГОТВУВА „ГЛЕМБАЕВИ“ ОД КРЛЕЖА

„Глембаеви“ од Мирослав Крлежа, во режија на Бранко Брезовец е новиот проект што почна да го работи ансаблот на театарот. Првиот дел од пробите завршува по неколку дена. Подготовките ќе продолжат по годишните одмори.

„Глембаеви“ е канонска драма на хрватската книжевност, но и драма играна буквално насекаде во поранешна Југославија, па и неколкупати во Македонија. Ова е најдобриот драмски текст на Крлежа, во кој се говори за пропаѓањето на една моќна капиталистичка фамилија, за начинот како настанало нејзиното богатство и како се распаднала. Во времето на денешната тајкунизација, која владее со сите транзициски простори, темата е клучна за храбриот влез во вибрирањето на театарската современост и неспорната актуелност.

Глембаеви не се реалност, туку фикција, евентуално равенство со компоненти на реалност, но со резултанти на фикција.

Премиерата се очекува на почетокот на новата театарска сезона.

Loading