НАГРАДА ЗА АКТЕРКАТА ОД „ПАУНА“ НА СЕЛЧАНЕЦ

На 17. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“

Monodrama pauna

Меѓу наградените на 17. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа 2019“ кој се одржа во Сарајот во Ресен е и младата акерка која ја изведе монодрамата ,,Пауна,, по текст на прилепчанката Мирјанка Р. Селчанец. За најдобар млад актер беше прогласена Сара Марковска, која ја доби наградата ,,Млада Европа,,, за улогата во монодрамата „Пауна“. Режисери на претставата се Сотир Чаушевски и Даринка Велкова Веслиевска од Ресен.

– Учествуваа многу меѓународни и само еден македонски актер, Сара Марковска, 16 – годишна ученичка од Ресен. Кореографијата ја направи ресенчанката Виолета Колодезни. Прилепчани ќе можат да ја гледаат претставата на 30 јули во 20 часот во кино салата на ЦК ,,Марко Цепенков,, во рамките на Прилепското културно лето – објаснува писателката Мирјанка Р. Селчанец.   

Одлуката за наградите ја донесе жирито во состав, Мето Јовановски, Лилјана Котевска – Плевнеш, Елена Трајковска и Брајан Мајклс.

Учествуваа претстави од земјава, од Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Loading