КОНЦЕРТ НА КУД „ПЕНЗИОНЕР“

Целовечерен концерт ќе одржи КУД „Пензионер“ при Здружението на пензионери на 25 јули од 20 часот во киното Мис Стон. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето организирано од ЦК „Марко Цепенков“. Членовите ќе се претстават со дел од богатиот репертоар. Гости ќе им бидат КУД „Карпош“ од Скопје и КУД „Преродба“.

Loading