ТРЕНЕР ВО МАРОКО

marokoТомче Петрески

Секој успех на прилепчанецот, е успех на градот. Ракометниот тренер Томче Петрески летово прифати понуда да го води тимот на Мулудија од Мароко. Ова е прв негов тренерски ангажман во странство. Станува збор за клуб кој игра видна улога во мароканското првенство, а настапува и на меѓународна сцена. Се очекува атак на пехарот од Арапскиот куп, а тоа се подразбира затоа што Мароко е земја на ракометот. Претходно Петрески водеше повеќе македонски екипи, меѓу кои и Прилеп, пред три години, токму кога излезе на европската сцена.

Петрески како ракометар настапуваше во странство, а печат на кариерата му е Пари Сен Жермен.

Loading