СВЕТИЛИШТЕТО „ДИЛИЖАНСА“

-Ај

-Каде?

-Било каде, само да го допрајме муабето за ,,Дилижанса,,

-Во душата ти е,

-И таа имаше душа, посебна,. Градов треба споменик да í напрај!

-,,Дилижанса,,? Не заебавај! Почна да ме нежниш.

-Бифето имаше не само душа, туку и мозок, срце, џигер, храм, мудрост, светилиште, факултет, историја… Да не беше таа, немаше ваков да бидиш.

-Шутка?

-И пред то не беше поарен. Не си ја разбрал душата на ,,Дилижанса,,. Зато ваков си останал. Да знајше појче че беше во Брисел, а не да пијаш ракија од две банки овде.

-Имаше глупости колку сакаш, ама жими Тасета дека ум се купувало од таму. Да купиш ум,треба да знајш како. Не се продава на грамој, па дај сто грама. Ука, седиш и учиш со посматрање. Сакаш ука по историја, ги чекаш историчарите, сакаш географија, математика…, ете ти го газдата. Јазикот каков сакаш. Не барај литература, струја. Уште тогај компјутреџиите не им беа рамни, да бром уште?

-Јас место нешто да научам, уште од тогај како да сум мавнат. Плазма ми е мозоков. Ај си велам да научам нешто историја. Седи слушај. Џабе! Сите историчари и од то шо го знаев го одзнајв. Сега незнам дали Крали Марко му беше братучед на Александар или побратим на Гоцета. А толку сакав да знам.

-За географија беа топ, довде е наше, од овде натаму е нивно, море од каде нивно и то е наше. Наше е!

-Амаас уште не знам до кај е наше.

-Кој ти е крив за то. Треба да му мислиш, ако сакаш бистар да бидиш во мозоко.

-Ами за медицина?

– Баба Рада од нив има учено. Ова тревка за бубрег, цвето од вртипоп за гаргарење, стеблото од превртен поп за мелем, то тревата шо ја пиеле ајдуците за лажичката, то другото за глата, то до него за живците, то покрај него за ортомите… На крајот најдобар лек е ,,ај Госпо здравје да ни дај,,. Таа била лек за сé.

-За математика никој не мојше со газдата. Рабуш немаше, а се знајше. Маса број 15 а, а, четири беа сите.

-Ами тие надвор шо поседуваа на камејната?

-То не беа маси?

-Да не сакаш да речи камен тој и тој. Кај сакаше газдата глупости. Беше и остана културен, интелегентен. Некој да не навреди. Професионалец за приказ.

-Така де и после,

-Че му стегни некоја цифра, а тој од масата че поврати то шо го пиел. Ама нема дробејне. Плати, а за друг пат мисли се. Сакаш иди сакаш не.

-Опасен беше!

-Мислеше за заедницата. Од каде пари за нојчнио културно забавен живот За нив имаше друга математика. За елитата, елитни цени. Не дека тие знаеја сметајне појче од него, туку не сакаше да ги нервира, оти со нив делеше нојч – ден, добро-лошо. Едно влакно да му фалеше, че му насадеше да му никни, си ги гледаше како кокичина. Газда тури една да ја жегна, рапоо ми е грлово. Тури си. Поарно ми дојде. Тури уште една, убо да го подмачкам, ама немам пари. Биди жив и здрав. Пијај сега плати ко че можиш. Ако можиш, само да не те гледам насекиран. Не сме само за вечерва. Во овие тешки времина треба да í помогниме на земјава. Кој ако не ние?

-Први беа на бранико, ама како советодавци, ура од назад. Изесливи не беа многу!

-Јадејне, ретко? Ако некому му се пријади, че го пуштеше на касапница, кај Кочо Пурче да си купи сам. Че го советува да си најди доктор интернист. Ко че јади, да седи до него, за, не дај боже, да не му се слоши нешто од јадејнето. А касапо? Мајтапчија, прва лига. Без да се излади, не го пушташе

-Имаше големо заедништво, еден за сите, сите за…

-Че свикаш уште по една или че ме војзаш уште. Се исуши чашево!

-Да не имаш трема?

-Имам трема во џебо Ја че свикам, а ти спружи се.

-А бе ти знајш кај е први?

-Од ко знам само за време зборуваш. Че дојди, шо му секираш. Муабетов че си го допрајме, ако не ова среда, другата сабота.

Џага-Дур

Loading