КАМЧЕСКА ВО САД

Ракомет

Женската екипа Деспина остана без пивотот Михаела Камческа, летово замината во САД. Тимот со и без неа е многу различен, затоа што станува збор за најдобрата првотимка, која по потреба помагаше и како бек. Често на натпреварите беше најдобар стрелец. Во оваа ситуација среќна околност е што во клубот од зимоска е доведена Сашка Филипоска. Натаму останува да се одлучи дали ќе има потреба од втор пивот во екипата.

Дури на почетокот од подготовките за наредната сезона ќе биде одлучено за играчкиот кадар, односно, дали ќе се продолжи само со домашни ракометарки или со некое засилување отстрана. Претходната сезона немаше ниедна отстрана (ако не се смета битолчанката Елена Крстевска, сега жителка на Прилеп), а екипата ослабна со заминувањето на најискусната, Мери Гичева, во Грција. И покрај тоа, беше освоено солидното шесто место во претходното првенство (или прво во плеј-аут групата), така што она што беше зацртано, тоа е и остварено.

Тренерот Страшо Илиески првиот собир ќе го има кон крајот на јули или во почетокот на август.

Loading