„ГАЈДАТА НА ПЕЦЕ“ ЗА НИКОЛОВ ОД КОЧАНИ

Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово освои гран – при за најдобри изведувачи на 45. фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”. „Гајдата на Пеце”, пак, што ја доделува Општина Долнени, ја доби гајдаџијата Санде Николов од Фолклорниот ансамбл „Мугри” од Кочани.

Учествуваа околу 300 изведувачи од сите краишта на земјава, а имаше и гости од Бугарија. Се одржа и симпозиум и беше промовиран Зборникот со научни трудови на тема „Фолклорот во минатото и денес”. Улогата на фестивалот „Пеце Атанасовски” е да ги негува народните инструменти и песни и нивното пренесување на младите генерации. Се одржа и петдневна работилница  во која десетина млади истражуваа, изучуваа песни и инструменти на терен во околината на Прилеп и на Долнени.

Loading