Чудо од мед и коприва

med

Копривата е најдобар прочистувач на крвта и најдобра лековита билка за подобрување на крвта. Има позитивно влијание врз панкреасот и го намалува шеќерот во крвта. Билката лекува болести и воспаленија на уринарниот тракт и задржување на урината. Копривата е одличен диуретик, и средство кое спречува анемија. Листот на копривата е извор на витамините А, Б, Д, Е и К, минералите калциум, манган, железо, калиум, цинк, магнезиум и бакар, како и ензими, хлорофил.
За смесата се потребни 1 кг. лист од коприва, 2 лимони, 2 јаболка, 500 г. мед или нерафиниран шеќери желатин или пектин.
Се мешаат копривите и јаболката. Состојките, заедно со два лимона, се ставаат во блендер. Се миксаат до хомогена смеса. Потоа се додава медот и желатинот.
Две лажици дневно од смесата се многу корисни против вирусите и бактериски инфекции и за луѓе кои немаат доволно железо во крвта и постојано се чувствуваат уморно. Копривата содржи доста железо и успешно ја третира анемијата. Со користењето на смесата се добива здравје и енергија.

Loading