Билдери со медали

Историја
Во 1991 година во Битола се одржа Републичкото првенство во боди-билдинг под наслов ,,Атлет на Македонија,, на кое учествуваа двајца прилепчани. Во средна категорија Ристо Димоски, како и во лесна Ицко Соколоски, освоија трети места за дипломи и бронзени медали. Комисијата оценуваше врз основа на тоа колку е добро, симетрично, складно телото, а исто така влијаеше и пропорцијата на мускулите. Инаку, Соколоски учествуваше и на Државното првенство на Југославија во Бања Лука, каде го зазеде шестото место. Во тоа време имаше близу 150 билдери во Прилеп.

Loading