КОНЦЕРТ НА ВИОЛИНА НА ЛЕОНАРДО ДИМОСКИ

Концерт на виолина ќе има младиот музичар Леонардо Димоски вторник од 20 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“, во рамките на Прилепското културно лето. На програмата се дела од Бах, Локатели, Хајдн, Крајслер, Брамс…

Димоски музичкото образование го почнува на шестгодишна возраст во   музичкото училиште првин кај проф. Оливера Гемту, а од 2017 г. бил под менторство на м-р проф. Сихана Бадивуку, во класата на проф. Љупчо Трајаноски. Учесник и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Посетувал семинари кај познати професори. Пред две години имаше прв самостоен рецитал во градов, а годинава настапи на концерт со Македонската филхармонија во Скопје.

Loading