ИМА НАДЕЖ ЗА ПОБЕДА АД

Фудбал

На состанокот во ФК Победа АД досегашните компании-акционери и дефинитивно откажале. Клубот е благодарен за повеќегодишната поддршка, но од друга страна без нив ќе мора да го надмине финансискиот проблем со долговите од 200 илјади евра. Во таква ситуација, надежта е во Општината. Се верува дека ќе се најдат сили за учество во Втората лига. Има надеж. Се очекува да се обезбедат пари за котизација, опрема, превоз, исплата на дел од долговите, награди на тренери, играчи и административен тим… Ќе се настапува само со домашни играчи. Се преговара со играчи кои настапуваа во други клубови и градови. Досегашните првотимци заминуваат: голманот Тофилоски имал добра понуда од Косово.

Прозивката е околу 10-12 јули.

Loading