ВРАЌАЊЕ НА СТАРИОТ ЛИК НА ТРЕСКАВЕЦ

По два месеца

treskavec

 

Привршува обновата на опожарените конаци во манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец. Од Завод и Музеј велат дека комплетното реновирање ќе се оконча по два месеца.ќе се врати старата физиономија на манастирскиот комплекс со цврста бетонска градба, безбедносни структури и системи, но во автентичен лик. Паралелно се истражува црквата, магерницата, трпезаријата, кои датираат од 13 век, за да се подготви проект за реконструкција.

Активностите се изведуваат без застој. Тоа го провери на место заменикот министер за култура Владимир Лазовски, градоначалникот Илија Јованоски и претставниците од Музејот.

Градежните работи на конаците, кои изгореа пред повеќе години ги изведува српската фрима Кото, а Министерството за култура оддели два милиони евра. Пред пожарот, светилиштето стана пристапно. Се изгради асфалтен пат од осум километри. Манастирот Трескавец е третиран како национално културно наследство.

Loading