САМО ТОВАР ПАРИ ЈА СПАСУВА ПОБЕДА

Фудбал: По отпаѓањето од Првата лига

Pobeda

Победа отпадна од Првата лига, а како што е моментната ситуација тешко да се најде излезот. Како никогаш досега од в.д. претседателот Миле Спиркоски во клубот отворено се изнесени сите проблеми. Не е исклучен стечај и ликвидација, оти тежел долгот од 130-140 илјади евра, кој е намален, а претходно бил околу 200 илјади. Проблемите кои довеле до отпаѓање мора итно да се надминат да се стартува во Втората лига, а тоа е обезбедување основни услови, стадион, тревнат терен и финансиска стабилизација. Имало заинтересирани фирми за влез во клубот, но под услов да нема долгови. Значи, прво да се реши тој проблем, а потоа да се обезбеди буџет. Проценка е дека за опстанок во Втората лига се потребни 80 илјади, а за борба за влез во Првата лига – над 200 илјади евра.

Не се знае што ќе се случи со тренерскиот и играчкиот кадар. Според тренерот Тони Мегленски, треба првин да се сочека што ќе се случува во клубот да реши дали би останал да го води и нареднава сезона.

Loading