БЕЗ ТЕРЕН – НЕМА ФУДБАЛ

Историја

Насловов како да е денешен, а е од декември 1977 година. И тогаш градов бараше решение за градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,. Само година – две порано беше реконструкцијата со поставени базје со одбрана трева. Милина да се гледа и да се игра. Не е тешко само нешто да се изгради, туку и да се одржува. За да биде теренот по стандарди, нужно е користење  од најмногу 150 часа годишно.

-Оваа година одиграни се 56 натпревари и одржани 77 тренинзи или вкупно 266 часа. Ако се продолжи со вакво темпо, теренот нема да издржи. Затоа, по последниот натпревар, ќе биде целосно реновиран со нова трева, со 150 килограми семе и 25 тони овчко ѓубре – информираа од Управата за спортски терени и објекти.

Loading