АБЕР ЗА ЧИСТ ОБРАЗ

Visoko so mislata i gradbite za sozivot megu lugeto

Изгледа интересен амбиентот на центар пред 50 години. Две високи кули се “испорчиле”, човек да се праша која е повисока. Саат кулата – која во 1858 година, врз дрвен крст со жешка вар се зацврстила на тлото. Или белото минаре на Чарши џамијата, која повеќе служеше за магацински простор, отколку верски објект.

Во Прилеп, ретки биле меѓуетничките провокаци, иако се смета за строго традиционален град.

Како и да е, паноата, кои се забележуваат на фотографијава, и трафиката, укажуваат дека важен бил овој дел од градот.

Легендата вели дека Лауц и Тасламиче, самоуки градители, камената градба на Саат кулата, која е висока околу 38 метри, со дрвено продолжение горе, ја врзувале со малтер и јајце од секое семејство во градот. Внатре скалите биле вртени до горе. “Таа”, си знае што и дотежало, та се навалила.

Loading