СЕМЕЈНОТО СТЕБЛО НА БУНТЕВЦИ

4 bunteskiПрва книга на Славчо Бунтески

Поткрепено со интересни црно бели фотографии од минатото, на околу 150 страници прилепчанецот Славчо Бунтески пишува за семејното стебло на Бунтевци. Ја раскажал семејната лоза во книгата со цел идните негови следбеници да знаат кои биле прадедовците, прабабите, бабите…

– Фамилијата во минатото имала активно учествуво во сите бурни настани. Од турско до српско и бугарско, двете светски војни и повоениот период претците оставиле значајни белези. Повод беше 93 -тиот роденден  на тетка ми Тодорка, сестра на татко ми, на 6 февруари 2018 г. Таа ми раскажа за минатото на Бунтевци. Имаше уште здрав разум и помнење. Нејзините кажувања ми беа драгоцени. Само преку книга можев да го пренесам минатото на генерациите, на оние кои ќе доаѓаат, што всушност ми беше и целта. Немав големо искуство во пишувањето на ваков вид литературно дело, но сакав да оставам белег – објаснува за идејата авторот Славчо Бунтески.

Книгата ја посветил на 100 годишнината од раѓањето на неговиот татко Борко Бунтески (1920 – 1975 – 2020) кој бил офицер во ЈНА и учесник во НОБ. 

Во семејното стебло има личности кои изучиле занаети, од разни професии, па и факултети, ги карактеризира чесноста и работливоста.

Бунтески изразува благодарност до сите кои му помогнале прибелешките да ги стави на хартија.

Книгата “Бунтевци” од Славчо Бунтески е во издание на ДНУ, а промотори беа Драги Башески и Тодор Алексоски.

Loading