РАБОТНИЧКИ Е СЛАМКА ЗА СПАС НА ПРИЛЕП

Ракомет: Претстои бараж за опстанок во Супер лигата

Prilep

Дали екипата на Прилеп и шеста сезона во низа ќе биде суперлигаш, останува одговорот да го даде претстојниот бараж – меч со Работнички. Токму овие ривали ќе се пресметаат меѓу себе бидејќи Прилеп заврши како претпоследен на табелата од Супер лигата, а Работнички како втор во Првата лига. Ако за прилепчаните се знаеше многу одамна дека им е судено 11-тото место, за скопјаните се чекааа дури последните секунди. Одлучи нивниот минимален триумф од 27-26 со Јуниор КВ, така што тимот од Кисела Вода падна на третото место, додека прв претходно се искачи Металург 2, станувајќи суперлигаш.

Кој ќе биде победник е мошне неизвесно. Иако екипата на Прилеп има суперлигашко минато, реалност е дека располага со мошне млад и неискусен тим. Товарот е врз голобрадите момчиња, кои пролетва стапија на сцената. Билансот е 11 порази и две победи. Тренерот Котевски на последниот меч од плеј-аут групата ги имаше на располагање: Талески, Ѓероски, С. Павлов, Јосески, Ангелески, В. Трајкоски, Илиески, Темелкоски, И. Х. Павлов, Чупетрески, Вренцоски, С. Трајкоски и Крстески. Со победа од 27:26 на гостувањето во Кисела вода кај тимот на Јуниор составот на Работнички се избори за 2. позиција во Првата машка лига и си обезбеди пласман во

Чест за Таста и Лара

62215800 453743435441971 6141105679051522048 o

Се одржа Меморијален меѓународен ветерански турнир ,,Таста-Лара,, во чест на легендарните играчи и тренери. Настапија екипи од Македонија, Косово и Србија. Кај ветеранките победи Т. Комбинат Прилеп, кај ветераните Репрезентацијата од млади ветерани на Македонија.

RK Mladi veterani

Loading