„ПЕЈЗАЖНИ ЗНАЦИ“ НА ДАВИД АТАНАСОСКИ

Изложба

6 David Atanasoski

„Пејзажни знаци“ е тематската изложба од Давид Атанасоски, што ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“.

-Пејзажните знаци низ математика, геометрија и естетика се инспирација за создавање на ликовни дела материјализирани од отпадни хартии. Ликовната инсталација од ѕидни објекти е генерирана од локалниот био-отпад, трансформиран во галерискиот простор – вели авторот.

Атанасоски во 2018 година заврши факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство со конзервација и реставрација. Имал повеќе групни изложби во родниот Прилеп, во Скопје и на почетокот од годинава во Њујорк.

Loading