НАМИРНИЦИ КОИ СЕ ЈАДАТ НЕОГРАНИЧЕНО

namirnici

Тешко се држи устата затворена во обид за слабеење. За време на диетата секој час се добива желба за грицкање. Телото како само да се движи кон фрижидерот. Но, постојат многу намирници кои може да се јадат во секој период од денот, без штета по линијата, оти содржат минимална количина калории без разлика на порцијата.

Целерот содржи 95 % вода и речиси нема енергетска вредност. Има речиси 30 % од дневните потреби од витамин К. Зеленчукот се конзумира свеж. Неколку чаши рукола содржат само 10 калории. Овој зеленчук не  штети на диетата. Руколата се јаде со младо сирење, зачинета со малку маслиново масло. Белките од јајце се јадат во големи количини, без страв од дебелеење. Се мешаат со домати и за омлет со минимум масло при пржењето. Салатата содржи витамините А и Ц, и фолна киселина и железо. И таа нема енергетска вредност. Се конзумира без да се расипе фигурата. И краставицата се состои само од вода. Најкорисни се младите, крцкави краставички. Не е потребно лупење, бидејќи кората содржи голема количина бета-каротен. Карфиолот му обезбедува на организмот витамини Ц и К. Има многу ниска енергетска вредност. Покорисен е ако се јаде суров. Доматите содржат ликопен, витамини А, Ц и Б2, фолна киселина, целулоза, хром и калиум. Има само витамини и минерали. Брокулата е омилена намирница за диети. Освен витамините А, Ц, Е и К, содржи 20 % од диетални влакна. Чинија пуканки не штетат на  линијата. ,,Филмските грицкалки,, се содржат главно воздух, а тој не дебелее. Морската зелка, како и другите видови алги за јадење, содржат голема количина јод. Немаат енергетска вредност. Но, не може безгрижно да се јадат суши, оти оризот има висок гликемиски индекс. Чаша млад сладок грашок не дебели. Енергетската вредност е мала, а содржи доста целулоза, па дури и белковини. Цитронот помага за стабилизација на шеќерот во крвта. Богат е со витамин Ц. Има ниска енергетска вредност и помага во слабеењето. Парче диња сигурно ги радува оние кои се по благото, а сакаат да слабеат. Дињата има мала енергетска вредност. Порција диња ја содржи потребната дневна доза од витамините А и Ц. Јагодите се слатко задоволство за љубителите на диети. Содржат многу калиум и целулоза. Имаат многу малку калории. Капинките се полни со антиоксиданси и богати со витамин Ц. Вкусни се и се јадат за време на диетите, бидејќи енергетската вредност е релативно мала. Портокалите се омилено овошје. За среќа, може да се полакоми по нив, дури и при држење на диета. Имаат малку калории, но затоа многу витамин Ц. Боровинките спаѓаат во намирници со најмногу антиоксиданси. Чинија боровинки помога на диетите. Имаат малку енергија и се конзумираат без грижа.

Loading