МЛАДОСТ ВИЦЕШАМПИОН

Пинг – понг

Екипата на Младост загуби со 0-2 од Вардар во финалната плеј-оф серија за добивање екипен шампион на Македонија. Скопјаните беа двапати подобри, прво во Прилеп, потоа на домашен терен. Во основниот дел од првенството беше нерешено 1-1 во добиени мечеви. Така, Вардар е шампион, Младост втор. Иако желбата беше титула по девет години, сепак и второто место е успех за тренерот З. Јованоски, играчите Јочкоски, П. Јованоски, А. Штаргоски и Милошевиќ.

Во првакот Вардар има прилепчанец – претседателот Миле Петрески.

Loading