КОЈ ЗАМИНУВА, КОЈ ДОАЃА ВО ПОБЕДА?

Фудбал

Заврши тажната сезона за Победа, тим кој отпадна од Првата лига. Навивачите секојдневно се интересираат дали се презема нешто за консолидација и подготвен дочек на вторлигашкиот старт. Засега нема ништо официјално, иако е најавена прес-конференција на која ќе се кажат деталите околу околностите за отпаѓањето и мерките за она што следува. Играчкиот кадар секако ќе претрпи измени. Странците секако заминуваат, а и најдобрите извесно дека ќе имаат понуди од прволигашки тимови. Веќе се шпекулира дека новиот прволигаш Борец бил заинтересиран за голманот Тофилоски. Од Победа треба да се очекува брза реакција за задржување на најдобрите, како и за доведување засилувања. Тоа е можно ако се среди финансиската ситуација.

Паралелно се следи текот на градбата на стадионот, за Победа да не биде ,,бездомник,, ами да игра пред својата публика.

Loading