РАЦЕТЕ НА ГАЗОТ

-Слушни и за Васкичо,

-И тој да не е рибар?

-За то е тапа, ама за други работи е тата – мата,

-Имаш право, или е тапа или мата-тата. За средно не го бива. Да не станал ловџија?

-Скраја пушка од него. Голем ризик е за сите околу него во пречник од 10 км.

-Напреден земјоделец?

-Ко стана пензионер, го напушти земјоделието,

-Да не е компјутерџија?

-Слаб е со ексело. Има проблем и со мрежата, понабргу му пајџа. Бистар е за компјутери, ама далеку е од експерт.

-Е во шо е експерт?

-Бизнис!

-Не заебавај?

-Верувај! Бил и е.

-Е шо бизнис, ако не е тајна. Алаш-вериш?

-Чоеко е скромен. Не сака многу тарабуки. Европјаните треба да учат од него.

-Претера. Добро, а паричка му фрла биснисо?

-Ајле, ама има многу трошоци. За книговодството е зелка, ич не разбира не знај кај му е влезо, а каде излезо.

-Нема искуство?

-Како нема. Че дотуркаше до генерален,

-Не си играј мајтап со мене,

-Верувај,

-Е кога?

-Партизанка! После Гојко, Мевцето тој и Миленко беа на ред. Откажа ко виде дека во касата има само 200 динари, 2 црвени. Како се вика модерно, абдицира од фотејлата.

-Чудо, големо искуство?

-Отогаш сам се бори. Му тргна бизнисо и сега од 2 дена во неделата, фазла не работи. Европа сакала да воведи 4 работни денови. Тешко í оди, а нашио години работи 2 дена неделно. Колку е понапред од нив.

-Пред то, ко ги полнеше чупојте, денонојчно рмбаше. Сега нека поужива малце.

-Имаше мачни и бурни времиња. Тешко. Сега оди со рацете на газо. Од кај Пецета, кај Чаушо, па кај Кумата, покрај мариовската да ги види трујачите шо останаа. Па кај пајките, мисирките, гуските… Свајчаш, разбираш?

-Вреден беше уште од ,,Дилижанса,,

-Стој! Мирен! Не ја спомнувај?

-Шо ти стана?

-Не чепкај тука оти малце че биди една турска серија и то забранета за деца под 18 год. Со потреба од контрола на родител или старател.

-Тогај, друг пат.

-Засега толку. Поздрави го Шабан двојазичнио. Беше еден од героите на ,,Дилижанса,,

-Ај со здравје!

Џага-Дур

Loading