ПЛИВАЧКИ И КУГЛАРСКИ КЛУБ

Историја

Во 1987 и 1988 година се најави формирање на два нови клуба: кугларски и пливачки. Образложение за иницијативата, во февруари 1988, дадоа од СИЗ за физичка култура.

-Прилеп уште пред 30 години имаше пливачки клуб. Има и сега современ пливачки базен, електронска куглана и десетина кугларски секции по претпријатијата. Постојат сите предуслови двата клуба да заживеат. Меѓутоа нема поширока акција и интерес – сметаа од СИЗ-от.

Loading