ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК Е СОЛО ПЕЈАЧ

Ангела Ѓуричанин, соло пејач

Angela Guricanin

Оперската певица Ангела Ѓуричанин, која живее и работи во Канада, првпат се претстави пред сограѓаните со солистички концерт, исполнувајќи дела од  повеќе композитори. И било задоволство да настапи во родниот град, каде како дете учествувала на детски фестивали и на шоуа на таленти.

-Концертот беше различен од досегашните, заради тоа што беше многу персонален. Да излезеш како соло пејач е голем предизвик. Уште поголем кога публиката пред која стоиш ти е позната. Тоа беше предност, бидејќи се почувствував добро прифатена и добредојдена на сцената ,,дома,,. Одбрав композиции кои ми се мили на душата, дела кои се медолични и прифатливи за публиката – вели Ангела.

Треба да ја започне четвртата година од студиите по соло пеење.

– Било и каде да си тешко е да станеш уметник. Таму каде што сум, луѓето повеќе ја сакаат и ја ценат класичната музика. Пред доаѓањето во Прилеп учествував на музички натпревар во Саскатон и освоив две први места од четири категории. Ќе присуствувам на тринеделна летна програма во Монтреал кадешто ќе работам со професори од Канада и САД и ќе соработувам со уметници од Европа, Канада и САД – додава Ѓуричанин.

Таа живее во Канада.

Loading