ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2019

Прилеп викендов е домаќин на 57- мата државна изложба  ‘‘Денови на Македонската фотографија 2019‘‘.  Органзатори се Фото сојузот на Македонија и Фото кино клубот Прилеп.

– Настанот почнува утре во градска библиотека, каде ќе има проекции на неколку македонски автори. Продолжува со изложбата на фотографии. Отворањето е во 19 часот во Галеријата на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Ќе бидат претставени 122 фотографии на најрелевантните македонски фотографи  и ќе бидат доделени награди на најдобрите – вели Сашко Попоски, претседател на Фото кино клубот Прилеп.

 В недела манифестацијата продолжува со фото сафари низ Прилеп и селото  Штавица, на кое ќе присуствуваат најдобрите македонски автори.

Настанот ќе ја афирмира општината.

Loading