ЗАГРЕБ Е ПРЕДИЗВИК ЗА ДЕВОЈКИТЕ

Борење

В сабота е голем меѓународен турнир во борење – слободен стил ,,Херкул опен,, во Загреб, каде ќе учествуваат и борачи на БК 7 Мај Леов. Прилепчаните патуваат со одбран состав од надежни членови. Викторија Стојаноска ќе биде во категоријата до 30 килограми, Христина Велеска до 46, Барбара Стојкоска до 62, а Стефани Николова до 54. Во последен момент се комплетираа документите за патување и на Елеонора Темелкоска, која има право да учествува до 50 килограми. Сите се во пионерска конкуренција.

Патуваат и тренерот Сашо Игнатовски и судијата Душко Стојаноски.

Loading