УМОРОТ НЕ ИМ ДАДЕ ФИНАЛЕ

Пинг – понг

Прилеп можеше да има градско дерби за титулата државен првак во пинг-понг, но тоа не се случи. Младите пингпонгари на Младост 96 во саботата претпладне со 4-3 (Костовски доби 2 партии, плус во двојки со Лашкоски, кој и сам доби една) го совладаа фаворитот Вардар, се изборија за ,,мајсторка,, но не издржаа. По кус одмор се одигра и тој пресуден дуел во малата прилепска сала, каде очигледно домашните снемаа сили. Скопјаните, предводени од државниот првак Станојковски, победија со 1-4 и се пласираа во финалето. Така, за титулата ќе се борат Младост и Вардар.

Викендов во ОУ ,,Добре Јованоски,, е турнир топ-12 за сениори.

Loading