ДО ГЛЕДАЊЕ, А НЕ ЗБОГУМ!

Фудбал

Полека поминува најтешката прволигашка сезона за Победа. Полека, а би сакале што побргу. Оти, што е многу, многу е од катастрофални порази. Најновиот е со 6-0 од Вардар во Скопје. Маките конечно завршуваат в недела со мечот дома против Македонија ЃП. Прилепскиот тим се разделува со Првата лига. Но, разделбата да биде со ,,до гледање,,, а не со ,,збогум,,. Веднаш да почнат подготовките за враќање во елитното друштво. Не само поради Прилеп, ами и во полза на македонскиот фудбал е Победа да е прволигаш. В година во мај да се прославува враќањето. Еден Борец успеа, а зошто не Победа.

Последнопласираниот второлигаш Партизан, по катастрофата со 11-0 во Пехчево, в сабота дома завршува со Брегалница.

Loading