„АРАПСКА НОЌ“ – ДРАМСКО МУЗИЧКА ПАРТИТУРА

Odlicna Arapska noc

„Арапска ноќ“ во режија на Зоја Бузалковска е новата претстава што премиерно ја изведе дел од ансамблот на театарот. Претставата е по текст на Роналд Шимелфениг. Тоа е модерна приказна во која дејството се случува во еден европски град, на седмиот кат од еден стан на зграда, во една летна ноќ, кога ненадејно се прекинува веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер.

Претставата е со елементи на трилер, бидејќи се случуваат низа пресврти, кои ја засилуваат неизвесноста. Покрај големата динамичност, драмата води во сторија за осаменоста и за потребата да се преспие сопствениот живот, да се сонува и да се замени реалноста со фикцијата, за да се преживее ноќта. Така, зградата и петте луѓе се пресек на целиот свет.

Необично е раскажувањето во трето лице, при што нарациите се испреплетуваат и претставата делува како драмско – музичка партитура. ,,Арапска ноќ,, е приказна во која вкрстено раскажуваат еден актерски ,,полифонен,, квинтет и еден музички квартет, градејќи заедно нонет. И кога ако попрецизно се дефинира претставата, таа би звучела ,,Арапска ноќ – нонет,,.

Одлично во задачата се вклопуваат петте актери, Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Нуамоска, Александар Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски, кои носат голем товар и со кој одлично се справуваат.

Претставата е дотерана со одличната сценографија и костими на Јулијана Војкова Најман и музиката на групата Фолтин.

Loading