ПРИЛЕПСКИ АКТЕРИ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМАТА ВО БИТОЛА

Двајца прилепски актери со монодрами ќе се претстават на  годинешното 21 издание на  Фестивалот на монодрамата во Битола, што започна во средата, а ќе трае до 13 мај. Прв вечерва е актерот Бобан Алексоски со монодрамата ,,Дневникот на лудиот,, од Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески, алтернативен проект во соработка со театар „Сенки и облаци”. На 13 мај со ,,Женска утопија, според драмите на Јордан Плевнеш се претставува Димитрина Мицкоска, проект на  Театар 4 Сцена 5.

Според селекторот Петар Мирчески, фестивал е посебен, многу надвор од програмските насоки на било кој друг театарски фестивал, толку многу отпорен на општествени промени или на уметничките парадигми.

-Фестивалот има светски контекст, носи уметнички и културален сензибилитет кој успевам да го артикулирам преку новодефинираните театарски тенденции – вели Мирчески.

Loading