ПАТ КОН ТИТУЛАТА

Пинг – понг

Двата прилепски тима имаат шанса за титула. Во полуфиналето од плеј-офот победник се станува со два добиени меча. Екипата на Младост од 0-0 почнува дуел в сабота со Телеком во Скопје. Вториот меч е в недела (11 ч.) во пингпонгарската сала во Прилеп. Вториот претставник Младост 96 од 0-1 влегува во борба со лидерот Вардар Скопје. Победниците од двете полуфиналиња ќе имаат меч за титулата.

Во ППК Младост 96 се израдуваа на бронзен медал за Иван Танески во двојки со крушевчанецот Иле Јованоски од Државното пионерско првенство.

Loading